Хипер автомобилот на McLaren – Speedtail ќе дебитира на 26 октомври
Во ограничена серија од само 106 примероци кои се веќе распродадени и цена од минимум 1.75 милиони фунти, McLaren изјави дека целосно новиот хипер автомобил на марката- Speedtail, ќе биде претставен официјално на 26 октомври
Новитетот со три места за седење на легендарната марка ветува дека ќе им понуди на идните сопственици да развијат максимална брзина, каква никогаш достигната не можеле со претставник на брендот. Од компанијата не истакнаа колку, но некои податоци велат дека ќе биде над 389 km/h.
Погонот на моделот е доверен на високо хибриден погонски систем со вкупна максимална моќност од над 1.000 коњски сили. Производството на McLaren Speedtail се очекува да започне кон крајот на следната година, a секој еден од автомобилите ќе биде персонализиран целосно според изборот на сопственикот од специјализираната поделба на McLaren.