fbpx

Хипермобилот Lamborghini LB48H дебитира на затворена промоција

Пред неколку дена Lamborghini го претстави во Италија на група избрани клиенти хиперкарот со лимитирана серија, со фабрички код LB48H

Информациите доаѓаат од анонимен внатрешен извор. Интересен момент за новиот модел е дека има хибриден погон. До овој момент компанијата немаше хибриден сериски модел дури и во ограничена серија. Според зборовите на изворот новото купе има позајмено некои надворешни црти од концептот Terzo Millennio од минатата година.

Концептот сепак беше чист електромобил, додека сериската изведба е хибрид со комбинација на бензински агрегат и електромотор. Terzo Millennio имаше четири електромотори на секое тркало по еден, односно погон од суперкондензатори. Според неофицијалната информација кај LB48H хибридниот погон е со типичен за брендот, V12 средно поставено бензинско издание и електромотор.

LB48H

Околу 200 клиенти беа поканети на затворен настан на кои им биле предочени плановите за правење на само 63 примероци LB48H, секој по цена од 2,5 милион долари.

Наредните неколку недели автомобилот ќе биде демонстриран исто така на затворени настани со избрани клиенти во Токио и Њујорк, а производството на новиот хиперкар ќе почне на крајот оваа година. Првата хибридна верзијај на Lamborghini беше концептот Asterion LPI 910-4 од 2014 година. Тој располагаше со атмосферски V10 агрегат од 5.2 литри и три електромотори (едниот комбиниран со бензинецот, а двата други на предната оска). Вкупната моќност на овој систем изнесуваше 910 КС, а најавеното забрзување од 0 до 100 km/h беше три секунди.

Новиот лимитиран модел дава идеја и за техниката на наследникот на Aventador, кој треба да излезе во 2020, исто со хибридни перформанси. На темата за евентуален чисто електричен модел, директорот за развој на компанијата, Маурицио Реџина неодамна рече дека таков модел тешко дека ќе се појави во палетата пред 2026 година.

LB48H

Поврзани вести

Back to top button