fbpx

Hispano Suiza го претстави моќниот Carmen Boulogne

Hispano Suiza официјално го промовираше моделот Carmen Boulogne кој претставува помоќна верзија на веќе постоечкиот електричен модел Carmen

Шпанскиот производител ја претстави новата помоќна верзија на својот електричен модел Hispano Suiza Carmen кој пред неколку години го привлече вниманието на љубителите на егзотични автомобили. Моделот Carmen Boulogne пристигнува со 1.100 КС и од нула до „стотка“ стигнуваат за 2,6 секунди. Само за споредба, стандардниот Hispano Suiza Carmen располага со речиси 100 КС помалку од Carmen Boulogne (1.006 КС). Како и да е, овие перформанси пристигнуваат со стајлинг кој нема да го задоволи сечиј вкус, поради необичниот дизајн.

Освен што пристигнува со помоќен мотор, Hispano Suiza Carmen Boulogne е и 60 килограми полесен во однос на стандардниот модел, а за тоа се заслужни новите компоненти од системот за потпирање и покривот од карбон. Моделот доби и нови седишта од карбон. Компанијата планира да произведе само пет вакви модели по цена од 1.65 милиони евра, а доставувањата ќе започнат во 2022 година.

За напојувањето се користи 80 kWh литиум-полимер-јонски батериски пакет, а од Hispano Suiza навестуваат дека тоа е доволно за автономија од 400 километри. Од компанијата исто така наведуваат дека полнењето на батериите од 30 до 80 проценти се врши за 30 минути благодарение на CCS2 брзиот полнач.

Carmen Boulogne пристигнува со изложена карбонска каросерија како и чиста прекривка на горниот дел што му дава сјаен финиш на лесниот материјал. На предната решетка се наоѓаат детали во бакарна боја и кои како тенки пруги одат по острите рабови на каросеријата. За разлика од обичниот Carmen, Boulogne има изложени задни тркала наместо да има прекривки над нив. Како и стандардниот Carmen, така и овој модел пристигнува со карбонска монокок каросерија „под кожата“ која тежи само 195 килограми.

Во внатрешноста, како што е веќе напоменато, Carmen Boulogne пристигнува со карбонски седишта кои се преслечени со мешавина на кожа и алкантара. Купувачите ќе можат да ја избираат бојата на обвивката на внатрешноста. Наместо стандардниот хромираниот трим на моделот, Carmen Boulogne пристигнува со анодизиран метал во портокалова боја.

Името за оваа верзија на Carmen се однесува на George Boillot Cup кој се одржа на патиштата во околината на францускиот град Булоњ, место каде што Hispani Suiza H6 Coupe победуваше во 1921, 1922 и 1923 година.

Поврзани вести

Back to top button