fbpx

Honda произведе 25 милиони автомобили во САД

Honda Motor објави дека компанијата достигна производствената граница од 25.000.000 автомобили на територијата на Соединетите Американски Држави

Јубилејниот автомобил е од гамата Accord 2018, составен во фабриката Marysville Auto на брендот во Охајо.

Во истиот комплекс, но во 1982 година, бил составен и првиот автомобил на јапонскиот производител на автомобили во земјата на неограничени можности и е еден од вкупно петте фабрики на Honda, кои работата на територија на САД. Во моментов, во производствените комплекси на Honda Motor во САД се составуваат вкупно 12 различни модели на марките Honda и Acura, како и голем број на мотори и менувачи. За постигнување на ова, од автомобилскиот производител имаат инвестирано речиси 14 милијарди долари во своите фабрики, а само за последните 4 години издвоени се 3,4 милијарди долари.

Honda

За да го одбележат постигнувањето на јубилејната граница на поризводството во САД, од Honda Motor најавија почетокот на делувањето на посебен фонд за стипендирање на студенти, кои сакаат да станат дел од инжинерските активности и производството, од HBCUs (Historically Black Colleges and Universities).

Поврзани вести

Back to top button