fbpx

Honda ги објави најновите тизери за новиот Civic Type R

Honda објави колекција на фотографии во кои се прикажува новата генерација на Civic Type R во тест фаза во пресрет на официјалната премиера

Јапонскиот производител Honda ги објави најновите тизери за новиот Civic Type R кој е прикажан во камуфлирано издание, а истото ќе остане на автомобилот се до следната година. Иако компанијата ги држи најважните детали во тајност, сепак истакнува дека развојот на хот-хеч моделот продолжува на патеката Сузука во Јапонија.

Фотографиите го прикажуваат автомобилот на тркачката патека, а поради камуфлажата забележливи се мали детали за дизајнот, но сепак е тешко да се сокрие масивното задно крило и централно поставениот издувен систем. Новиот Civic Type R ќе ја следи дизајнерската филозофија на останатите верзии од новата генерација на Civic со посуптилен дизајн во однос на моделот во заминување. Ниту предниот, ниту задниот дел не изгледаат агресивно како претходно, иако јасно е дека ќе има поспортски изглед во однос на „обичниот“ Civic. Тизерите не можат да ги сокријат Brembo сопирачките и Michelin Pilot Sport 4 пневматиците.

Од Honda не откриваат детали за погонот, но според некои шпекулации, би можел да се најде хибрид со 400 КС под хаубата. Многу поверојатно сценарио е дека јапонската марка ќе го унапреди актуелниот турбо 2,0-литарски мотор кој ќе испорачува поголема моќност од претходно. Во моментов овој агрегат испорачува 310 КС и 400 Nm. Купувачите ќе можат да го добијат новиот Type R само со мануелен менувач.

Базиран на шасијата на 11-тата генерација на Civic, новиот Type R се очекува да биде покрут, подолг и поширок од својот претходник, а сето тоа ќе влијае на возачките динамики.

Honda Civic Type R

Производителот не откри кога ќе го претстави новиот Civic Type R следната година, но ќе биде последниот чисто бензински модел на компанијата во Европа кога ќе се најде во продажба следната година.

Поврзани вести

Back to top button