fbpx

Honda го претстави освежениот Civic Type R

Honda на салонот за автомобили во Токио ја претстави освежената перформансна варијанта на моделот Civic

Набрзо по претставувањето на редизајнираното издание на Civic, актуелната десетта генерација, во Honda слична работа направија и со најсилната верзија која веќе со години се крие зад ознаката Type R.

Еден од најдобрите спортски модели од C сегментот доби нешто поголема маска на ладилникот, а во понудата е и нова сина боја на каросеријата (Boost Blue) која Honda нема да ја нуди со послабо моторизираните Civic модели. Промените во кабината вклучуваат нов управувач обложен со алкантара и поинаква рачка на менувачот која се карактеризира со исклучително краток од.

Civic Type R

Јапонците истакнуваат дека технолошкиот пакет на безбедносни системи се на високо ниво, како и дека вклучува AEB, адаптивен темпомат, систем за детекција на сообраќајни знаци, самостојно одржување на возилото во сообраќајната лента, и така натаму…

Со оглед на категоријата во која припаѓа Civic Type R, одлично е што во Honda во пакетот освежување уфрлија и новоразвиени кочници со диск плочки кои се помалку наклонети кон прегрејување, а рекалибриран е и управувачкиот систем и системот за потпирање чии адаптивни амортизери во режимот Comfort сега ќе обезбедат поголема безбедност.

Освежениот Civic Type R под хаубата и понатаму го има 2,0-литарскиот четирицилиндричен турбодизел мотор кој развива 320 КС и 400 Nm најголем вртежен момент. Преносот на силата на предната осовина на која и помага ограничената механичка блокада на диференцијалот се одржува со посредство на рачен 6-степен менувач со скратени преносни односи, а сето тоа е доволно Civic Type R од нула до „стотка“ да стигнува за 5,8 секунди и да развие 272 километри на час. За претходно најавената уште посилна верзија во Honda засега молчат.

Поврзани вести

Back to top button