Honda и Sony формираат посебна компанија за заедничкиот ЕВ потфат
Претстојниот заеднички потфат на Sony и Honda во сферата на електромобилноста би можело да создаде независна компанија
Ерата на електронските компании кои произведуваат автомобили почнува да станува реалност. Додека појавата на автомобилот на Apple во овој момент е сè уште нејасна, јапонскиот технолошки гигант Sony чекори напред со помош на друга јапонска автомобилска компанија, Honda.
Honda и Sony го објавија својот план за создавање заеднички потфат за производство на електрични возила уште во март. Сега, двете фирми се согласуваат дека споменатото заедничко вложување ќе работи подобро како независна, самостојна компанија.
„Го делиме ставот дека е подобро да се направи заедничкото вложување независно, на долг рок, наместо да се стави под чадорот на Sony или Honda“, изјави претседателот и извршен директор на Sony, Кеничиро Јошида за Nikkei Asia.
Иако спомена дека заедничкото вложување може да има почетна јавна понуда на акции, Јошида не откри никакви детали за планот. Продажбата на уделот го поддржува планот да стане независна компанија, пишува Nikkei Asia.
Во претходната објава, планираниот план е да се започне со производство на електрични возила до 2025 година. Honda ќе биде задолжена за изградба на возилото во една од своите фабрики. Sony, од друга страна, ќе ја развива и обезбедува платформата на производителот на автомобили. Не е јасно дали претстојниот Honda-Sony EВ ќе биде поврзан со концептите Vision-S.
Имено, Sony веќе претстави два концептни електрични автомобили, и тоа седанот Vision-S и SUV Vision-S. Двете возила се создадени во соработка со најголемите имиња во производството како што се Magna Steyr, Bosch, ZF, Continental, Nvidia и Qualcomm.
Концептите на Sony изгледаат ветувачки во теорија. Придвижувани се од два електрични мотори, а комбинираната моќност е 536 коњски сили. Седанот ќе биде со четири седишта, додека теренецот се најавува дека има седум седишта.