fbpx

Honda ја најави новата дизајнерска филозофија на ентериерот

Јапонскиот производител Honda го откри новиот правец и новата филозофија на дизајнирање на ентериерот на своите автомобили, а изгледот ќе дебитира со новиот Civic

Новата генерација на Honda Civic ќе добие сосема нов ентериер, различен од она што јапонската компанија го имплементираше во своите возила досега. За тоа е заслужна новата дизајнерска филозофија на брендот, наречена „Simplicity and Something“ која е едноставна и футуристичка и која има за цел да ги долови „дизајните насочени кон човекот во раните возила на Honda“.

Со други зборови, компанијата сака да ја намали комплексноста што е клучен предизвик со оглед на тоа дека возилата се повеќе се насочуваат кон високата технологија. Голем дел од сето ова се сведува на дигиталните инструмент кластери и инфозабавните системи, но екраните се само дел од ентериерот.

Како резултат на сето ова, новата филозофија на Honda бара ентериери кои се ослободени од визуелни нереди. Според ова, можеме да очекуваме потенки столбови и големи стаклени пространства за одлична видливост за возачите. Покрај ова, Honda го прифаќа и таканаречениот „Man Maximum / Machine Minimum“ пристап кој ќе ја максимизира пространоста, а притоа ќе го минимизира просторот потребен за механичките компоненти. Дизајнерите исто така ќе додадат предмети кои „ќе побудат емоционална реакција од возачот и патниците“.

Џонатан Норман од Honda ја опишува „simplicity“ филозофијата како општ ентериерен дизајнерски јазик, додека „something“ ќе биде „личноста и изгледот кои ќе бидат уникатни за секој модел“. Според ова, сите идни модели ќе имаат почист дизајн на ентериерот со специјални додатоци кои ќе овозможат да се разделат Civic од Jazz. Норман исто така додаде дека „something“ ќе „помогне да се разликува секој производ и ќе направи идните Honda возила да бидат нешто што купувачите ќе сакаат да го возат и ќе бидат возбудени да го користат“.

 

Поврзани вести

Back to top button