Honda ја претстави хибридната изведба на CR-V
Лансирањето на хибридната верзија на CR-V го прави првиот електирфициран SUV модел што јапонскиот производител го нуди на американскиот пазар
Покрај новата хибридна верзија, Honda го ажурираше и остатокот од опсегот на моделот, со суптилни измени на дизајнот во предниот и задниот дел, а новитет е и Honda Sensing пакетот на системи за помош на возачот кој сега доаѓа како стандарден.Производителот иста така го исфрли основниот природно аспириран 2,4 литарски мотор, кој сега го заменува со 1,5 литарскиот турбо мотор со 190 коњски сили.
Новиот хибриден погон на CR-V е сличен на оној на хибридниот Accord, бидејќи го комбинира 2,0 литарскиот четири-цилиндарски бензински мотор со два електрични мотори. Ова исто така го прави и со погонот на сите четири тркала, со активирање на електронска спојка кога се детектира лизгање за да ги напојува задните тркала.
Од Honda велат дека ваквиот погон испорачува комбинирана моќност од 212 коњски сили и тврдат дека нуди 50% подобра економичност во споредба со стандардниот 1,5 литарски мотор.
Надворешните разлики во дизајнот се ограничени на сет LED светла за магла, сино Honda лого, натписи Hybrid и скриена издувна цевка. Сите изведби на CR-V имаат поизразена хромирана решетка, пошироки отвори за светлата за магла и затемнети задни светла.
Новиот хибриден CR-V исто така добива и уникатна инструмент табла на која се прикажани сите информации поврзани со хибриднио погон, како статусот на моќноста, полнењето и друго. Исто така тука прикажани се и достапните три работни режими, како Econ, Sport и EV.