Honda со нови детали за дизајнот на новиот HR-V
Откако минатиот месец неофицијално беше претставен заедно со јапонската верзија Vezel, Honda лансираше нови фотографии и видеа за новата генерација на HR-V
Новата генерација на Honda HR-V ќе пристигне во Европа исклучиво со хибриден погон, поради што го добива суфиксот e:HEV. Со цел подобро да го објасни дизајнот во екстериерот и ентериерот на автомобилот, јапонскиот производител објави нови фотографии и видеа.
Најголемата промена во однос на претходникот претставува кросовер купе стајлингот со што се следат најновите трендови во индустријата. Моделот поседува и поголема решетка на предниот дел, почист изглед на браникот, LED фарови кои се протегаат до предните крила, а на задниот дел се наоѓаат тенките задни светла споени со тенка LED лента, во која се интегрирани и рачката за багажникот како и задната камера.
За новиот HR-V, Honda го задржува централно поставениот резервоар со кој се унапредува постраноста во кабината. Производителот вели дека четири возрасни лица можат да патуваат со максимална удобност, а покрај тоа што е голем како и стариот HR-V, новата генерација нуди поголем простор за рамената и нозете.
„Го дизајнравме целосно новиот хибриден HR-V со цел да ги рефлектира точните вредности и потреби од модерните клиенти и изглед на новата генерација на сопственици на автомобили. Тие бараат намена и иновација од производите со кои имаат интеракција. Со паметната примена на најновите технологии на Honda и дизајнерскиот етос, ние креиравме автомобил кој може да понуди пространост, конективност, сигурност и разновидност кои се потребни за целосно да го поддржат и унапредат нивниот секојдневен живот“, изјави Коџиро Окабе, Large Project лидерот на Honda.
Honda HR-V e:HEV ќе пристигне на пазарот кон крајот на годината, а ќе се одликува со двомоторен бензински хибриден погон, а деталите дополнително треба да бидат објавени. Сепак, се верува дека ќе го користи истиот 1,5-литарски четирицилиндерски мотор како Jazz или 2,0-литарскиот агрегат од CR-V.