fbpx

Електричниот Honda Urban EV влегува во производство

Скромниот според димензии, електричниот концепт на Honda, моделот Urban EV, кој беше една од најголемите ѕвезди на салонот во Франкфурт, дел е и од штандот на Јапонците во Женева, каде е потенцирано дека сериската верзија доаѓа следната година и нејзината официјална премиера ќе биде подоцна оваа година

-Сериската верзија на овој концепт доби толку многу високи оценки, па ќе биде претставена во Европа кон крајот на 2019, а договорите за Urban EV ќе почнеме да прифаќаме од почетокот на 2020, објасни постариот заменик претседател на Honda, Филип Рос.

 

Засега нема други информации во врска со сериската изведба на електричниот Urban EV, кој е топ тема во медиумите и во извештаите од Женева, во кои известувачите потенцираат дека се надеваат од концептот да бидат преземени дизајнот на екстериерот, ретро линиите и компактните димензии.

Urban EV

Urban ќе биде позициониран под сегашниот Хондин модел- Jazz. Секако, најголеми промени на патот кон сериското производство ќе претрпи ентериерот на концептот, но се претпоставува дека барем основните идеи од сегашното уредување, ќе бидат задржани. Urban ќе биде прв од серијата електрични и хибридни модели што Honda планира да ги понуди на пазарите во блиска иднина. Плановите на Јапонија се две третини од продажбата на брендот да биде врз база на електрични модели до 2025 година.

Urban EV

Поврзани вести

Back to top button