Honda ви овозможува да уживате во возењето преку топла бања
Јапонскиот прозиводител со концепт на City Car кој уживањето во градскиот метеж го носи на едно поинакво ниво
Корејскиот дизајнер Ханбем Ли ја имал идеата и креирал концепт на градскиот автомобил на Honda, кој вклучува дел од ентериерот кој може да се полни со топла, релаксирачка вода.
Концептот, наречен Onsen, е сосема мал, благодарение на неговата употреба на електричен мотор. Ова му овозможи на дизајнерот да создаде доста пространа кабина и покрај тоа што автомобилот е малку поголем од Vw Golf. Едната половина од внатрешноста на автомобилот е сепак прилично традиционална и е опремена со клупа која е свртена кон задниот дел.
Работите стануваат интересни со другата половина од кабината. Оваа област е во суштина цилиндрична ќелија која ја користи gimbal технологијата за да остане суспендирана во телото на автомобилот. Оваа ќелија е водоотпорна и со притискање на копче, корисниците можат да ја наполнат со вода. Седиштата, исто така имаат опција и за масажа и систем за излез на целата пареа од кабината.
Наречен „автономен автомобил со топла бања“, малиот градски автомобил на Honda има дефинитивно еден од најинтригантните и најинтересните внатрешни дизајни кои досега сме имале можност да ги погледнеме.