fbpx

Huawei ќе инвестира милијарда долари во ЕВ технологија

Технолошкиот гигант Huawei ги најави своите планови за инвестирање на една милијарда долари во истражување на технологии за електрични и автономни автомобили

Електричните автомобили и технологијата за автономно возење се чини дека се особено атрактивни за технолошките гиганти. Доказ за тоа се и најновите планови на Huawei. Кинескиот технолошки гигант започна партнерство со автомобилскиот производител BAIC, Chongqing Changan Automobile Co. и Guangzhou Automobile Group со цел заедно да развијат самовозечки автомобили. Овие возила ќе бидат брендирани од страна на Huawei и ќе и помогнат на компанијата да се спротистави на својот ривал Xiaomi кој неодамна најави дека ќе инвестира 10 милијарди долари во следната деценија за производство на електрични автомобили.

„Бизнис единицата на паметни автомобили ја добива една од најголемите инвестиции од Huawei. Ќе инвестираме повеќе од една милијарда долари во развој на автомобилски компоненти оваа година. Кина додава 30 милиони автомобили секоја година и бројката постојано расте. Дури и да не го покриеме пазарот надвор од Кина, ако можеме да заработиме во просек 10.000 јуани (околу 1.270 евра) од секој автомобил продаден во Кина, тогаш тоа е веќе огромен бизнис за Huawei“, изјави претседателот Ерик Шу.

Како што пренесува Yahoo Finance, Huawei имал тешка 2020 година откако беше забранет во САД, со што се наштети на нивниот бизнис со паметни телефони. Милијардерот и основач Рен Женгфеи оттогаш започна да го трансформира Huawei кон паметната агрокултура, здравството и електричните автомобили.

Шу има огромна доверба во автономните технологии кои Huawei веќе ги има развиено, истакнувајќи дека тие се подобри од оние на Tesla.

„Не знам дали се фалат, но мојот тим ми рече дека можат да направат автомобили кои ќе возат самостојно без никаква човечка интервенција до 1.000 километри. Тоа е многу подобро од Тесла“, вели Шу.

Поврзани вести

Back to top button