fbpx

Hummer се враќа на големата сцена со електричниот GMC Hummer

Американските медиуми уште минатата година пишуваа дека во американски General Motors размислуваат за можноста да го оживеат Hummer, но на малку поинаков начин

Во меѓувреме, General Motors во својата годинешна Super Bowl рекламна кампања го најави враќањето на големата сцена на името Hummer, кое сепак ќе биде искористено за идниот пикап во понудата на GMC.

GM го најави и датумот на промоцијата, а тоа е 20 мај годинава, но продажбата на возилото ќе стартува дури во текот на 2021 година. Инаку, треба да се напомене дека General Motors не го враќа Hummer како целосен бренд, туку само го оживува како име. GMC Hummer EV, како што ќе се нарекува новиот пикап, ќе се продава преку веќе постоечката мрежа на GMC.

Засега е познато дека GMC Hummer EV ќе располага со сите 1.000 КС како и дека забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) ќе изнесува само три секунди. Под хаубата ќе поседува 6,2-литарски V8 бензински мотор.

За производството на новиот GMC Hummer EV ќе биде задолжена фабриката на General Motors во Детроит, додека цената на возилото засега не е позната. GMC Hummer EV на пазарот ќе се натпреварува со Tesla Cybertruck, Rivian R1T и Bollinger B2.

General Motors инаку со продажбата на овој модел престана во 2010 година и тоа откако поради рецесијата и високите цени на горивата продажбата на овие возила падна толку ниско што Hummer во 2009 година прогласи банкрот.

Поврзани вести

Back to top button