fbpx

Хибридите во иднина побарани од дизелите?!

Британските купувачи ќе претпочитаат модел на хибриден погон наместо со дизел мотор при купувањето на нов автомобил

Ова го објави Autocar, презентирајќи ја студијата на Националната асоцијација на дилери (NFDA) направена на оваа тема.

Истражувањето опфати 1.000 луѓе – 490 мажи и 510 жени, при што само 12% од нив размислуваат да купат дизел автомобил. Во исто време, 13% од испитаниците се подготвени да инвестираат во хибриден автомобил. Општо земено, популарноста на зелените модели во Велика Британија сеуште не е толку голема, но постои евидентен пад во продажбата на дизел моделите.

хибриден

Само за една година продажбата на автомобилите со такво гориво се намали од учество во пазарот од 44% на 33,5%. Експертите очекуваат овој тренд да се задржи, поради највата на властите во земјата да ги зголеми даноците и таксите за дизел автомобилите. Интересно, сепак, само 2% од испитаниците се согласуваат да купат plug-in хибрид кој се напојува од електричната мрежа, а само 1% се за чист електричен модел.

Од електромобилноста возачите се откажуваат поради високата цена на возилата (59%), ограничената километража (53%) и проблемите со инфраструктура (52%). Бензинот останува најпопуларен во Велика Британија. Автомобил со такво гориво се подготвени да купат 41% од испитаниците. Вториот најчест одговор на прашањето: Кој е вашиот следен автомобил? Е: Не знам!, што покажува дека, генерално, кредибилитетот на производителите на автомобили на Островот опаѓа.

Поврзани вести

Back to top button