fbpx

Новиот хипермобил од 1900 коњски сили на Automobili Pininfarina

Компанијата тврди дека Pininfarina Battista ќе биде способна за забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 2 секунди и максимална брзина од 400 км/ч

Пред планираното откривање за време на 2019 Geneva Motor Show,  компанијата го најави името за својот целосно електричен хипермобил. Името Battista доаѓа од Battista Pinin Farina, основачот на Carrozzeria Pininfarina, компанија за производство на каросерија која започнала во 1930 година.

Pininfarina

Тие сметаат дека моделот ќе биде најмоќниот италијански автомобил досега произведен. За сега знаеме дека е првиот целосен автомобил што ќе се продава како Pininfarina и ќе доаѓа со електричен погон од 1900 коњски сили и максимален вртежен момент од 2300 Nm. Нормално со вакви екстремни бројки, се очекуваат екстремни бројки во перформансите. Брендот тврди дека моделот ќе има забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, а максимална брзина до 400 км/ч

Pininfarina

Поврзани вести

Back to top button