fbpx

Hyperion XP-1 хидрогенскиот суперавтомобил најавен со видео тизер

Стартап компанијата од Калифорнија Hyperion се подготвува за премиерата на својот прв хидрогенски суперавтомобил XP-1

Hyperion XP-1 е хидрогенски автомобил и прво возило на стартап компанијата базирана во Калифорнија, а првично требаше да биде претставен на Салонот во Њујорк пред неколку месеци. Автомобилот, познат како XP-1 ќе има хидрогенски погон за кој од Hyperion тврдат дека ќе им овозможи да „отворат нов фронт во автомобилската технологија“.

XP-1 се одликува со високо перформансен, незагадувачки, хидрогенски-електричен погон. Системот содржи технологија директно извлечена од водечките аеронаутички инженерски фирми и вселенски агенции. Од компанијата гордо истакнуваат дека ќе ги надмине модерните спортски автомобили според перформансите, a притоа „ќе се одликува со неверојатен домет, време за полнење, издржливост и можност за рециклирање, особено кога ќе се спореди со денешните возила кои се напојуваат на батерии“.

„Навистина сме возбудени да го лансираме Hyperion пред светот со цел да можеме да ги едуцираме луѓето за бенефитот кој се добива од хидрогенските системи на напојување“, вели извршниот директор и еден од оснвачите на компанијата, Анџело Кафантарис. „Како најобилен елемент кој може да се најде во универзумот, потенцијалот е виртуелно бесконечен. Нашата цел е да ја раскажеме приказната за водородот со инспирирачки возила и инфраструктурни решенија. Со дебито на XP-1, ние се насочуваме кон почетокот на финалниот фронт кон почисто утре за генерациите кои доаѓаат“.

Hyperion објави и краток тизер, но во него не се прикажува самиот автомобил. За среќа, неколку тизер фотографии успеваат да ни дадат нешто подобар поглед кон XP-1 и неговиот екстериер и дефинитивно може да се каже дека станува збор за уникатен автомобил.

Инаку, Hyperion XP-1 ќе биде откриен следниот месец.

Поврзани вести

Back to top button