fbpx

Hyundai Elantra N во Европа – само ако купувачите посакаат

Hyundai Elantra N е во финалните фази на развој, подготовка и тестирање и се очекува да биде лансирана за 2022 моделската година во САД

Перформансното одделение на Hyundai продолжува со збогатување на својата понуда, а по неодамнешното претставување на Kona N, се подготвува и за премиерата на Elantra N. Перформансната изведба на седанот наскоро треба да ја доживее својата премиера преку Атлантикот, а јужнокорејскиот бренд истакнува дека засега не е во план моделот да се понуди во Европа, но тоа не е во целост отфрлено.

За време на претставувањето на Kona N перформансниот кросовер, шефот на одделот за развој и истражување на Hyundai, Алберт Бирман, исстакна дека постои сериозна шанса Hyundai дад го донесе моделот Elantra N во Европа, доколку постои доволно интерес кај купувачите.

Elantra N

„Ја развиваме Elantra N, веќе се трка во САД и учествуваше во настанот посветен за лансирањето на Elantra. Во овој момент, Elantra N не е планирана за Европа и другите пазари, но доколку се создаде доволна побарувачка, не можеме да кажеме дека нема да ја разгледаме таа опција. Тоа би можело да биде интересно ново N возило за Европа и другите пазари“, изјави Бирман.

Поставен на врвот на Еlantra опсегот, N моделот ќе ги следи стапките на i20 N, i30 N, Veloster N и Kona N. Возилото ќе се одликува со агресивен стајлинг, редизајнирана предница и задни браници, поголеми отвори за воздух, поголеми странични прагови, дифузер со кружни издувни цевки на двете страни и спојлер монтиран на багажникот.

Hyundai Elantra N исто така ќе добие и ексклузивни тркала, унапредени сопирачки, поцврста суспензија и компанискиот 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 278 КС. Моделот ќе пристигне со погон на предните тркала, а купувачите во Америка ќе бираат меѓу шестстепен мануелец или осумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Поврзани вести

Back to top button