Hyundai го лансираше Htwo брендот за водороден погон
Корејскиот производител Hyundai лансира специјален и посебен бренд кој ќе се насочи кон системите за водородни горивни ќелии
Новиот бренд на Hyundai чија цел ќе биде промоција на водородот како алтернативно средство за снабдување со енергија, односно за системи посветени на водородни горивни ќелии. Новиот бренд е наречен Htwo по H2 водородната молекула, а исто така ги претставува и зборовите Hydrogen и Humanity.
Целта е водородот да се претстави како позитивна енергија за индустријата. Но, исто така и вовед за глобалниот бизнис на Hyundai со горивни ќелии и помош за раст на водородниот екосистем. Корејскиот производител веќе има повеќе од 20 години искуство во ова поле.
Htwo ќе биде задолжен за развон на систем за хидрогенски горивни ќелии од новата генерација. Тие ќе се аплицираат во автомобили, пловни објекти, па дури и возови. Од Hyundai велат дека овој систем од новата генерација ќе донесе унапредени перформанси и издржливост со пристапни цени, користејќи полесна архитектура со засилена енергетска густина. Исто така ќе и помогне на групата да им понуди на своите купувачи ефикасна и различна постава на хидрогенски патнички автомобили.
Иницијалниот фокус на Htwo брендот, кога станува големите развојни региони, ќе биде во Јужна Кореа, САД, Европа и Кина.
[#HMG] “Hydrogen” and “Humanity.” The two main pillars of Hyundai’s fuel cell business. #HyundaiMotorGroup is presenting its fuel cell system brand #HTWO. #Hydrogen #FCEV #Sustainability pic.twitter.com/qmeWlv5JNX
— Hyundai Motor Group (@HMGnewsroom) December 10, 2020
Во 2013 година Hyundai го направи првиот електричен автомобил со горивни ќелии за масовно производство во светот, моделот ix35. По него пристигна NEXO кросоверот, електричниот автобус со горивни ќелии и XCIENT камионот со горивни ќелии. Камионот беше лансиран пред само два месеци и првичните единици се веќе испорачани до купувачите во Швајцарија. Hyundai очекува да продаде 1.600 комерцијални камиони со горивни ќелии само во Европа до 2025 година.
Hyundai исто така е важен член на Hydrogen Council, глобална коалиција на водечките енергетски, транспортерски и индустриски компании со долгорочни амбиции за алтернативни енергии.