Hyundai го најави New Horizons Studio за футуристички возила
Hyundai го најави формирањето на New Horizons Studio, новиот оддел на компанијата кој ќе има задача да развива возила за ултимативна мобилност (UMV)
New Horizons Studio на Hyundai има задача да произведе голем број на футуристички возила кои „ќе лутаат со невидена мобилност“. Овие возила ќе бидат наменети за клиентите кои имаат потреба од патување на неконвенционален и „оф-роуд“ тререн и ќе бидат предмет на екстремно предизвикувачки околини и услови.
Првиот проект кој е развиван од страна на новото студио е Hyundai Elevate кој првично беше претставен на CES во 2019 година, кој се одликуваше со масивни роботски нозе наместо конвенционални тркала кои му овозможуваат да се движи низ непристапен и тежок терен. Од Hyundai велат дека Elevate и останатите возила развиени од страна на New Horizons Studio ќе имаат способност „да ја редефинираат превозната мобилност“.
Овој оддел ќе биде предводен од потпретседателот Џон Сух, кој имаше различни лидерски улоги во Hyundai Motor Group уште од 2011 година. Тој исто така претставуваше основачки директор на Hyundai Ventures и потоа го водеше Hyundai CRADLE (Center for Robotic-Augmented Design in Living Experiences) во неговата база во Силиконската долина.
„Имаме за цел да го креираме првото трансформерско возило на светот, исто така познато како Ultimate Mobility Vehicle (UMV)“, изјави Сух.
Hyundai не сподели временски период за тоа кога треба да се очекува UMV возилата на компанијата да станат реалност.