fbpx

Hyundai официјално го објави првиот тизер за Elantra N

Откако Hyundai ја претстави тркачката верзија Elantra N TCR, прашање на време е кога ќе пристигне и патничката верзија Elantra N

Неполн ден откако Hyundai ја претстави својата нова тркачка машина, моделот Elantra N TCR. Познато е дека во подготовка е и „цивилна“, патничка верзија. Сега Hyundai објави и официјална потврда дека Elantra N e во подготовка.

Како што обично е работата со тизерите, тука добиваме краток преглед. Автомобилот се појавува на крајтот од видеото во кое е прикажан новиот TCR автомобил. Вратата од гаражата се затвора за тркачкиот TCR, но кога сите мислат дека видеото е готово, гаражата се појавува повторно. Овој пат, вратата се отвара и се појавува камуфлирана Еlantra N.

https://youtu.be/lDViCJ40wAg

Шпиунските фотографии кои се појавија претходно даваат почист поглед на спортскиот седан. Не треба да се очекува автомобилот да биде нешто драстично поразличен од Elantra N Line, иако решетката на TCR не е широка како на производствениот автомобил. Она што можеме да го забележиме е дека производствениот N модел има слична предница како регуларниот модел, но ќе биде интересно да се види дали ќе содржи детали слични како TCR моделот.

Се очекува Elantra N да се напојува со мотор кој испорачува 275 КС. Можеби не звучи многу, но со оглед на големината на Elantra, би требало да биде сосема доволно. Моќноста се очекува да се испорачува на предните тркала преку шестстепен мануелен менувач или преку осумстепен автоматик со двојна спојка.

Со оглед на тоа дека тркачкиот автомобил е претставен и е објавен тизер за патничката верзија, многу е лесно производствената Elantra N да биде претставена пред крајот на годината.

 

 

Поврзани вести

Back to top button