fbpx

Hyundai го покажа дизајнот на целосно новиот Ioniq 6

Hyundai детално гo откри дизајнот на екстериерот и внатрешноста, оставајќи го фокусот на овој дел, додека техничките информации ќе пристигнат подоцна

Корејскиот производител Hyundai го покажа изгледот на каросеријата и елеганцијата на ентериерот на целосно новиот електричен седан Ioniq 6. Најавен како „електрифицирана рационализација“, компанијата се чини направи полн погодок и ги пресретна очекувањата на јавноста. Каросеријата пристигнува со заоблен дизајн, при што јасно се видливи стилските сличности со Propheсy концептот. И предниот и задниот дел се одликуваат со чист, едноставен и минималистички стајлинг. Долниот дел од предницата вклучува вертикални отвори на двете страни. Површината на хаубата е мазна и елегантна, а секторите за фаровите се подигнати и водат директно кон А столбовите на возилото.

Hyundai Ioniq 6

На профилот се истакнува заоблената лента по должината на вратите со што се нагласува заобленоста на покривот. Има некои суптилни извајани елементи долж долниот дел од вратите. Возилото кое е прикажано на фотографиите има камери на задната страна наместо ретровизори. Тркалата имаат сложена, асиметрична шема на краците.

Hyundai Ioniq 6

Ioniq 6 се одликува со спортски заден дел. Во основата на задниот прозорец има спојлер. Под него, има суптилен завршеток што се вградува во скулптурата на опашката. Задните светла кои се протегаат низ целата ширина имаат квадратни елементи налик на пиксели кои даваат ретро-футуристичка естетика на дизајнот. Долната табла има пар вертикални елементи со црвени и бели рефлектори во мали, квадратни елементи, што одговара на другите задни светла.

Hyundai не сподели никакви технички детали за внатрешноста, но доволно може да се претпостави само од фотографиите. Одделените екрани за инструменталниот кластер и инфозабавата споделуваат една рамка. На надворешните рабови, контролната табла се наведнува нагоре за да се создаде простор за екраните кои ја прикажуваат сликата од дигиталните ретровизори. Панелот под контролната табла има низа од капацитивни копчиња за управување со клима-уредот.

Hyundai Ioniq 6

Пред возачот се наоѓа двокрак управувач со капацитивни копчиња на секоја страна. Четири квадратни светла се во центарот на воланот, а засега е нејасно дали ова е чисто украсно или има некоја посебна функција.

Hyundai Ioniq 6 е поставен на платформата E-GMP која е исто така ја користат и Ioniq 5 и Kia EV6. Седанот наводно ќе доаѓа со батерии од 77,4 киловат часови. Варијантата со два електрични мотори би требало да испорачува моќност од околу 300 КС. Покрај ова, можни се и верзии со еден електромотор, но и перформансни изданија.

Поврзани вести

Back to top button