Hyundai го претстави темелно освежениот Santa Fe

Освежениот Hyundai Santa Fe е поставен на нова платформа, а овој пат во понудата ќе се најде и со хибриден погон

Hyundai последната генерација на еден од своите најпопуларни модели ја претстави кон почетокот на 2018 година, а по нешто повеќе од две години јужнокорејскиот производител одлучи да го освежи моделот Santa Fe кој практично е целосно нов, во ново издание поради што иако станува збор за темелен редизајн, практично може да се каже дека е нов модел бидејќи автомобилот е поставен на нова платформа.

Од Hyundai истакнуваат дека новата платформа со себе носи подобра управливост со автомобилот, поголема безбедност и можност за електрификација на погонските опции. Покрај новата платформа, Hyundai Santa Fe доби и ново лице на кое доминира големата маска од ладилникот која ќе има две форми зависно од опременоста. Големо внимание привлекуваат и куќиштата од дневните LED светла во облик на буквата Т, а значителни промени се видливи и на задниот дел од овој SUV кој е поставен на 20-инчни алуминиумски фелни.

 

Податоци за погонските опции се уште не се достапни, но веќе е познато дека внатрешноста, која ќе биде обложена со меки материјали, на автомобилот ќе нуди поголем простор за патниците. Тука е и централно поставениот 10,25-инчен екран задолжен за управување на инфозабавниот систем, а пред возачот се наоѓа 12,3-инчна дигитална инструмент табла и седум работни програми кои ја регулираат работата на моторот, менувачот и погонот.

Hyundai Santa Fe

Новиот Hyundai Santa Fe во продажните салони во Европа ќе пристигне во септември, а корејската компанија во пресрет на почетокот на продажбата ќе ги објави и сите технички спецификации и цената на овој SUV. Од претходо е познато дека во Европа новиот Santa Fe ќе пристигне со хибриден и plug-in хибриден погон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close