Hyundai Grandeur концептот го спојува минатото со иднината
Корејскиот производител Hyundai во изминатите неколку години успеа да создаде неколку фантастични концепти, а исклучок не е ниту најновиот
Со цел да ја прослави 35-годишнината на својот луксузен седан модел Grandeur, Hyundai го претстави необичниот и ретрофутуристичен концепт наречен Heritage Series Grandeur, кој пристигнува со ретро изглед и футуристичка технологија, односно електричен погон.
Концептот е базиран на првата генерација на Grandeur. Комбинацијата на старото и модерното е впечатлива на прв поглед. Екстериерот на концептот се истакнува со параметричка решетка околу која се поставени LED фарови со пиксел-центричен дизајн. Моделот е опремен со нови ретровизори и тркала, како и светли детали и пикселни задни светла.
И додека екстериерот е мошне интересен и привлекува големо внимание, кабината е комплетно трансформирана од страна на дизајнерскиот тим за ентериер на Hyundai. Сепак, неколку ретро акценти остануваат да сведочат за едно друго време, а предничи управувачот со еден крак, потоа механичкиот менувач и кадифениот тапацир, кој своевремено претставуваше она што денес се Алкантара и Nappa.
Но, кабината е повпечатлива поради својата технологија, бидејќи концептот е опремен со дигитален инструмент кластер кој се претопува во големиот инфозабавен екран, а под него се наоѓа уште еден, секундарен екран. Покрај технологијата, тука се и неколкуте интересни додатоци како како предниот потпирач за рака кој пристигнува со сокриен простор за складирање кој може да се користи за да се чуваат вредни работи како часовник. Ентериерот добива и премиум кожен и дрвен трим како и уникатни светла за патниците на задниот дел.
Heritage Series Grandeur концептот бил комплетиран за осум месеци, а од Hyundai велат дека има електричен возачки систем составен од батерија и електромотор, наместо мотор на внатрешно согорување, но за жал не соопшти никакви детали околу спецификациите. Моделот се приклучува на Hyundai Pony електричниот концепт кој компанијата го претстави во април и сега е вториот ваков концепт од брендот.