Hyundai и Kia го прекинуваат производството во Европа
Јужнокорејските Hyundai и Kia производители решија да запрат со производството на автомобили во Европа на две недели поради коронавирусот
Од Hyundai и Kia наведуваат дека затворањето на границите ширум Стариот континент довело до логистички проблеми кои го пореметуваат ланецот на снабдување. Освен тоа, од Hyundai се истакнува и дека побарувачката за автомобили во овој дел од светот е во огромен пад поради актуелната состојба и пандемијата на коронавирусот.
Фабриката на Hyundai во Ношовице, во Полска, ги склопува моделите i30, Kona Electric и Tucson. Од друга страна, Kia исто така го затвора својот погон во Словачка поради истите причини. Kia во Жилина ги склопува моделите Ceed и Sportage.
Јужнокорејските брендови Hyundai и Kia се последни во низата брендови кои го запреа производство на своите возила во Европа. Доколку некоја европска земја и не е во голема мерка погодена од пандемијата на коронавирусот, тогаш дефинитивно е загрозена логистиката и доставувањето на неопходните компоненти, поради што невозможно е нормално производство во овие моменти.
Освен тоа, продажбата на нови автомобили во најразвиените европски земји како Франција и Германија практично е запрена, а за Шпанија и Италија воопшто не треба ни да се трошат зборови.