fbpx

Hyundai Ioniq 5 добитник на наградата World Car of the Year

Електричниот автомобил на корејската марка, Hyundi Ioniq 5, се закити со ласкавото признание за World Car of the Year

Hyundai Ioniq 5 е големиот победник на годинешниот избор на World Car Awards. Електричниот хечбек на корејската марка успеа да слави во три категории, вклучително освојувајќи ја и престижната награда за Светски автомобил на годината за 2022 година.

Ioniq 5 беше меѓу тројцата финалисти за освојување на ова ласкаво признание, а во „целосно електричното финале“ успеа да слави во конкуренција на Ford Mustang Mach-E и „роднината“ Kia EV6 со кој ја споделува истата платформа.

Електричниот автомобил на Hyundai исто така се закити и со титулата World Electric Vehicle of the Year. Останатите два финалисти во оваа категорија беа Audi e-Tron GT и Mercedes-Benz EQS. Третата победа за Ioniq 5 беше во категоријата World Car Design каде успеа да слави во конкуренција на Audi e-Tron GT и Kia EV6.

Hyundai се подготвува да ја зголеми понудата на Ioniq 5 со додавање на перформансна N варијанта. Овој модел ќе пристигне со нешто поизменет дизајн кој ќе биде насочен кон подобрените перформанси, додека моќноста и понатаму останува мистерија.

Кога станува збор за останатите категории во World Car Awards, Audi e-Tron GT славеше во категоријата World Performance Car каде успеа да ги совлада BMW M3 и M4, како и Toyota GR86 и Subaru BRZ. Kaj World Luxury Car категоријата триумфираше Mercedes-Benz EQS во конкуренција на BMW iX и Genesis GV70. Toyota Yaris Cross славеше во конкуренција на World Urban Car класата пред Opel Mokka и Volkswagen Tiguan.

Поврзани вести

Back to top button