fbpx

Hyundai ја откри новата хибридна трансмисија

Новиот систем го користи електричниот мотор за да ги спои брзината на трансмисијата и моторот, за поефикасни и побрзи промени

Hyundai го претстави новиот автоматски менувач наменет за своите електрифицирани автомобили, што ќе им овозможи да користат конвертор на вртежен момент, наместо пренос со двојна спојка кај хибридните автомобили. За разлика од досегашните хибридни модели, кои се потпираат на преносот со двојна спојка, новиот пренос “Active Shift Control” е изграден околу поконвенционален конвертор на вртежен момент.

Централно во системот се наоѓа новиот контролен софтвер за хибридната единица, која го користи електричниот мотор за да одговара на брзината на моторот со брзината на преносот, со цел да го намали времето за промена до 30 проценти. Со време на промена од 500 до 350 милисекунди, Hyundai вели дека загубите на ефикасноста традиционално поврзани со конверторот на вртежен момент се минимизирани.

Hyundai

„Развојот на првата ASC технологија во светот е извонредна иновација која вклучува прецизна моторна контрола на автоматскиот менувач. Таа не само што ќе заштеди гориво, туку исто така ќе обезбеди и позабавно возење за нашите клиенти“, изјави Јон Чанг, потпретседател и шеф на контролни системи за погон на Hyundai.

Тековната палета на хибридни и plug-in хибридни возила на Hyundai се потпира на преносот со двојна спојка. Новиот систем ќе го направи своето деби во претстојната Sonata Hybrid, кој потоа ќе се имплементира во опсегот на Hyundai и Kia.

Поврзани вести

Back to top button