fbpx

Hyundai ќе го користи AI за предупредување при повреди

Hyundai се здружи со израелскиот MDGo за развој на следната генерација на напредни безбедносни системи

Во соопштението објавено од двете компании се наведува дека тие ќе работат заедно за да го развијат интелигентниот систем за анализа на повреди на MDGo во возилата на Hyundai.

Овој систем го користи комплексниот AI алгоритам кој ги мери во реално време параметрите кои се однесуваат на патниците со цел автоматски да ги алармира службите за итни случаи и медицинските установи за можните повреди претрпени во несреќата. Ова се врши со помош на пазличните сензори вградени во возилото, способни за следење на крвниот притисок, отчукувањата на срцето, па дури и разните нервни функции.

Hyundai

“MDGo поседува исклучителна технологија за анализа на AI оптимизирана за безбедноста на возачот. Преку оваа технологија, очекуваме значително подобрување во итните медицински услуги на возилата на краток рок, додека нашата долгорочна цел е да обезбедиме иновации во искуството на патниците во безбедноста на возилото, користејќи нова технологија која овозможува физичко следење во реално време”, изјави претседателот и главен службеник за иновации на Hyundai, Јангчо Ши.

Системот на израелската компанија работи толку брзо што во рок од седум секунди по евидентирањето на судирот, службите за итна помош добиваат детална анализа на потенцијалните повреди. Покрај тоа, технологијата на MDGo постојано ја изучува и рафинира својата интерпретација на различни сценарија за несреќи, која со текот на времето ќе станува уште попрецизна.

Поврзани вести

Back to top button