fbpx

Hyundai ќе го лансира Ioniq 6 следната година

Корејската марка ќе го прошири семејството на Ioniq електричните автомобили со лансирањето на моделот шест, кој се очекува да биде базиран на Prophecy концептот

Hyundai Motor Group забрзано работи на развојот на своите нови електрични автомобили базирани на новата E-GMP платформа. По лансирањето на Ioniq 5 кој е првиот модел на брендот кој е поставен на оваа архитектура, наскоро ќе пристигнат и останатите модели од електричниот подбренд на корејскиот производител.

Според најавите на Korean Car Blog, Hyundai веќе следната година треба да го претстави новиот модел во поставата, а тоа е Ioniq 6, кој ќе биде целосно електричен седан базиран на Hyundai Prophecy концептот. Останува прашањето дали новиот модел ќе биде толку многу различен од Ioniq 5 и која дизајнерска насока ќе ја најави за останатите Ioniq модели.

Благодарение на подолгото меѓуосовинско растојание и поголемата батерија меѓу осовините, опсегот би требало да биде нешто поголем отколку кај Ioniq 5, односно помеѓу 650 и 700 километри што е навистина одлична автономија на движење за електричен автомобил.

Според најавите, Ioniq 6 ќе пристигне на почетокот на 2022, а потоа ќе следува пауза со претставувањето на нови модели од електричното семејство. По ова, Hyundai ќе го претстави електричниот SUV модел кој ќе го понесе името Ioniq 7, а според најавите, истиот би требало да пристигне во 2024 година. Со текот на времето, Hyundai ќе додаде повеќе модели со разни бројки во своето име.

Во меѓувреме, товарот со продажбата ќе треба да го понесе Ioniq 5 кој ќе биде лансиран овој квартал. Производителот веќе има 42.000 преднарачки за моделот, што е навистина сериозна бројка и треба да помогне во остварување на планот на Hyundai кој сака да продаде повеќе од 160.000 електрични возила оваа година, а до 2025 таа бројка треба да се искачи на 560.000.

Поврзани вести

Back to top button