Автомобил без компромис- Hyundai Kona Electric
Со лансирањето на новиот Kona Electric Hyundai Motor го нуди првиот целосно електричен компактен SUV
Новиот модел ги комбинира двата најбрзо растечки трендови: SUV и електромобили. Еко-палетата на Hyundai е развиена со водечка автономија и две верзии на електромотори. Hyundai Motor понуди информации за својот прв целосно електричен SUV пред официјалното претставување на 27 февруари. Сосема новиот Kona Electric го зајакнува учеството на компанијата во еколошкиот сегмент, а моделот ќе биде достапен во продажните центри веќе ова лето.
Hyundai Kona Electric
Целосно новиот Kona Electric ќе има различни верзии на погон, а еден од нив е најмоќниот електричен мотор на пазарот со водечка автономија во класата од речиси 470 километри (согласно регулативата WLTP) . Дополнително, возачите ќе имаат корист од широк спектар функции за погодност и поврзување, како и дел од технологиите за активна безбедност и пакет системи за помош при управувањето.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=nsdjK8Xkgdc
Hyundai Motor е во првите редови на еко-мобилноста, сега нуди најширок спектар на енергетски единици. Hyundai на пазарот го нуди првиот сериски произведен автомобил со горивни ќелии- ix35, а набрзо пристигнува и неговиот наследник, целосно новиот Nexo. Покрај тоа, успешниот IONIQ е единствениот автомобил достапен со три различни електрифицирани единици на моќност во еден тип на конструкција. Дополнителни детали ќе бидат откриени на 27 февруари пред светската премиера на Салонот за автомобили во Женева.