fbpx

Новите Hyundai Kona и i30 Fastback со награди на iF Design 2018

Hyundai Motor забележа ново признание за дизајнот на производите кои ги нуди на пазарот, односно уште едно такво дојде во форма на награди iF Design Award 2018 за целосно новите модели Kona и i30 Fastback

Двата автомобила на марката, првото петвратно купе во компактниот сегмент и првиот компактен SUV модел на Hyundai, го добија ова високо признание во категоријата производи во групата Автомобили, а наградени за елегантното и експресивно присуство.

-Уште еднаш Hyundai го освои признанието на една од водечките организација, која доделува награди за дизајн, коментира Томас Беркле, шеф на Hyundai Design Centre Europe. -Овие награди ја потврдуваат нашата посветеност на развојот на автомобили кои го изразуваат нашиот уникатен пристап кон дизајнот. i30 Fastback навистина диктира трендовски стајлинг, како комбинација од елегантен и емоционален дизајн, а целосно новата Kona воведува нова визија за нашиот успешен SUV спектар.

Hyundai i30 Fastback дебитираше за време на минатогодишниот салон во Франкфурт, а беше претставен заедно со првиот предлог на подмарката N- i30N, како и со целосно новата KONA. Тој воведе целосно нов вид купе во С-сегментот и е наменет за оние корисници кои сакаат стил, мода и екстравагантност. Автомобилот ветува за европските корисници луксузен дизајн, емитување на спортско купе со намалување за 25 mm во височина во споредба со стандардната i30 и високо квалитетни материјали и изработка.

i30 Fastback

SUV моделот Hyundai Kona, кој се нуди и во верзија со систем за погон на сите четири тркала, се одликува со специјално оформените на три вертикални нивоа светлосни блокови, карактеристична за брендот Cascading Grille челна решетка, дополнителните димензии на елементи во долниот дел на возилото, варијантите за контраст во екстериериерот и многу повеќе.

Поврзани вести

Back to top button