fbpx

Hyundai Motor инвестира 6,7 милијарди долари во својата водородна иднина

Hyundai Motor Group (HMG) откри нови детали во врска со плановите на компанијата за развој на програмата за алтернативни погонски системи, користејќи водород како гориво

Еден од најинтересните нови аспекти во програмата за електрификација преку употребата на водород е оној дека HMG има намера да излезе надвор од стандардните транспортни средства и се разгледа можноста за нејзината примена во дронови, чамци, генератори за струја, мотори и друго.

Според новиот план FCEV VISION 2030, од ​​HMG си поставија за цел производство на 700.000 електрифицирани водородни погонски системи годишно до 2030 година. За реализација на планот, од HMG, вклучувајќи ги и нивните добавувачи ќе инвестира околу 6,7 милијарди долари до 2030 година, а паралелно со тоа ќе отворат нови 51.000 работни места.

Hyundai Motor

„Hyundai Motor Group е светски пионер во комерцијалната понуда на FCEV (возила со горивни ќелии), кои прави решителен чекор за забрзување на реализацијата на едно водородно општество“, коментира Еуисун Чунг, извршен вицепредседател на HMG. „Ќе го прошириме секторот на патен транспорт и ќе имаме решавачка улога во глобалната трансформација на општеството кон чиста енергија, а водородот ќе го направиме економски профитабилен извор на енергија“.

Поврзани вести

Back to top button