Hyundai Motor Group со првото во светот повеќекратно воздушно перниче
Hyundai Motor Group објави дека компанијата го има развиено првиот во светот, систем со повеќекратно воздушно перниче кое нуди сериозно покачување во нивото на заштита при секундарни удари
Според студија на автомобилскиот гигант, секундарните удари, како во дрвја, столбови или други возила, се пројавуваат во три на секои десет несреќи. Од Hyundai Motor Group коментираат дека актуелните воздушни перничиња нудат адекватна заштита само по појавата на првиот удар, додека ново развиениот повеќекратен систем и овозможува на перницата да се надува ефикасно и во текот на секундарните удри, ако се зема предвид моменталната состојба на возилото и патниците во него.
Новата технологија на Hyundai Motor Group, за која од компанијата велат дека ќе најде место и во сериските автомобили, е во состојба да ја регистрира позицијата на возачот и патниците по појавата на првиот удар и да реагира побрзо, подобрувајќи ја нивната безбедност.