fbpx

Hyundai Motor со наградата Auto Trophy 2018 за најиновативен бренд

Hyundai Motor објави дека компанијата беше прогласена за најиновативен бренд од страна на Auto Zeitung магазинот во Германија

Од Hyundai Motor коментираат дека признанието ја нагласува амбицијата на брендот да стане лидер во мобилноста на иднината и да нуди богат сет еколошки автомобили, вклучувајќи хибриди, полни plug-in хибриди, електрични и водородни верзии, како целосно новиот NEXO.

„Hyundai веќе е меѓу лидерите во одлуките за мобилност на иднината и се уште е единствената компанија производител кој ги нуди сите основни видови алтернативни системи во сериски модели“, коментира Андреас-Кристоф Хофман, потпретседател на единицата Маркетинг и производи на Hyundai Motor.

Hyundai Motor

„Нашиот прогресивен дух исто така наоѓа одраз во глобалната стратегија по промоцијата на 18 еколошки модели до 2025 година, вклучувајќи осум хибриди, четири plug-in хибриди, пет електрични и еден водороден автомобил“.

Една од главните иновации направени од Hyundai беше лансирањето на моделот IONIQ во 2016 година. Автомобилот продолжува да биде единствениот предлог на пазарот што нуди три вида погон во едно купе, а клиентите можат да избираат меѓу хибридна, plug-in и целосно електрична модификација. Претходно оваа година, целото електрично портфолио на Hyundai беше зголемено со воведувањето на електричниот KONA Electric.

Поврзани вести

Back to top button