fbpx

Hyundai Motorsport со двегодишен договор со Себастијан Лоеб

Hyundai Motorsport официјално потврди дека потпишале двегодишен договор со Себастијан Лоеб, 9 кратен шампион во Светскиот рели шампионат (WRC)

Tој ќе седне зад воланот на својот нов автомобил уште во јануари за време на релито Монте Карло. Паралелно со ова, од тимот најавија и едногодишно продолжување на договорот на Дани Сордо со осум учества во сезоната 2019. Од Hyundai Motorsport велат дека во новата сезона на Светскиот рели шампионат, Лоеб ќе учествува со Hyundai i20 Coupe WRC во шест трки, а како сопатник повторно ќе го има Даниел Елена.

„За мене е задоволство да објавам дека Даниел и јас ќе се натпреваруваме во шест трки на WRC за Hyundai Motorsport во 2019, а почетокот ќе биде релито Монте Карло“, изјави Себастијан Лоеб.

Hyundai Motorsport

„Освојувањето на релито Шпанија оваа сезона ја врати мојата желба да продолжам да се натпреварувам во WRC. Приклучувањето кон Hyundai ќе ни понуди нов предизвик, така што немам трпение да почнам. Импресиониран сум од начинот на работа на тимот и нивната посветеност кон успех“.

Поврзани вести

Back to top button