Hyundai развива дигитален клуч
Hyundai и Kia како иновативни компании ја претставуваат Near Field Communication (NFC) технологијата која ќе овозможи новите возила на овие два бренда да се отклучуваат со помош на смартфон
Новиот дигитален клуч ќе го идентификува возачот во близина на возилото. Near Field Communication (NFC) антената за идентификација ќе биде поставена на рачката од возачката и совозачката врата, додека антена за идентификација која ќе овозможи стартување на автомобилот ќе биде сместена на местото за безжично полнење на телефонот, во централната конзола.
Секоја детекција на клучот автомобилот ја регистрира со тоа што автоматски ги прилагодува сите подесувања кој возачот ги има направено, како положба на ретровизори, положба на седиштата и воланот, контроли за аудио, видео и систем за навигација и др.
Дигиталниот клуч на Hyundai може да се користи и за далечинско управување на однапред избрани системи од страна на корисникот како заклучување, отклучување на возилото, активирање на алармот, стартување на возилото.
Нивото на пристап до различни функции на возилото може да се прилагоди на секој корисник поединечно за одреден период. Сопственикот на возилото може да утврди времетраење на користење на возилото или да ја ограничи употребата на одредени функции, при timeshare користење на автомобилот.