fbpx

Hyundai започна со продажбата на NEXO

Hyundai Motor Company објави дека по успешната кампања, компанијата започна продажба на целосно новиот водороден електромобил NEXO на територијата на Кореја

Во зависност од нивото на опрема NEXO се нуди по цена од околу 52.500 евра, но цената може да се намали до околу 25.500 евра по најавата за новините во локалните даночни олеснувања и субвенции.

„Сведоци сме на историски ден, момент кога водородната горивна технологија се воведува на пазарот во масовна димензија“, коментираат од Hyundai. „Овој позитивен старт е само стимул да продолжиме со нашите напори за освојување и на меѓународните пазари, за да ја потпомогнеме промоцијата на автомобилската технологија со горивни ќелии”.

водороден електромобил NEXO

Hyundai NEXO е првиот предлог на брендот од новата генерација водородни автомобили на компанијата, кој ветува автономија од 370 милји или околу 600 километри, што е за над 150 километри повеќе во споредба со актуелната верзија на водородниот електромобил Tucson FCEV. Тоа сепак, го разликува водороден електромобил NEXO од претходните водородни автомобили на компанијата, развиен на платформа специјално развиена за водородни погонски системи. Електромобилот е опремен со батерија со капацитет од 40 kWh, а моторот му е со моќност од 120 kW или 164 коњски сили.

водороден електромобил NEXO

Со NEXO, од Hyundai демонстрираат за прв пат пред публиката системи за поддршка на управувањето и зголемување на безбедноста, како Blind-spot View Monitor (BVM), кој вклучува широк агол на задна камера, слика од она што се случува зад возилото секој пат кога се менува патната лента, системите Lane Following Assist (LFA) и Highway Driving Assist (HDA), за задржување на возилото во средината на лентата и Remote Smart Parking Assist (RSPA) за далечинско паркирање и отстранувања од парк-место на автомобилот.

Паралелно со лансирањето на продажбата на новиот водороден електромобил NEXO, од Hyundai најавија и нова 10-годишна гаранција (160.000 км) за компонентите на водородниот погонски систем.

Поврзани вести

Back to top button