fbpx

Hyundai објави видео тизер за новиот Tucson

Hyundai објави видео од најновата, четврта генерација на својот SVU, моделот Tucson, кој ќе добие радикално поинаков дизајн

Во својата четврта генерација, новиот Hyundai Tucson ќе добие целосно нов анфас со целосно нова решетка. Во самата решетка ќе бидат инкорпорирани уникатните геометриски дневни светла кои ќе бидат видливи само кога ќе бидат вклучени.

Новиот Tucson ја продолжува Sensuous Sportiness дизајнерската филозофија која првично беше претставена кај Elantra и ја продолжува дизајнерската тема Parametric Dynamics на корејскиот производител. Оваа тема продолжува и на задниот дел каде што драматичните LED задни светла го привлекуваат вниманието. Тука е и целосно светлечката лента, агресивниот браник и дифузерот.

Hyundai Tucson

Новиот модел е поголем и поширок од претходните генерации на Tucson, а исто така добива и продолжено меѓуоскино растојание. Ентериерот на новата генерација на овој SUV ќе се одликува со нов четирикрак управувач и целосно дигитален инструмент кластер. Централната конзола е особено интригантна и на неа е поставен голем инфозабавен екран, заедно со контролите за клима-уредот. Забележливи се и новите контроли за режими на возење и скриените држачи за чаши.

Кога станува збор за моторните единици кај новиот Hyundai Tucson, овие детали остануваат тајност. Од Hyundai потврдија дека новиот Tucson ќе ја забележи својата светска премиера на 14 септември.

Поврзани вести

Back to top button