fbpx

Hyundai сепак нема да го произведува Apple автомобилот

Hyundai потврди дека разговорите со технолошкиот гигант Apple за производство на нов автомобил се завршени и целиот проект нема да заживее

Apple нема да ја оствари својата цел за производство на автомобил, а од Hyundai Motor Group потврдија дека тие и технолошкиот гигант од Калифорнија повеќе не се во преговори за создавање на партнерство за автомобилски проект, според Automotive News. Во јануари, Hyundai потврди дека двете компании се во рана фаза на разговори за колаборација. „Немаме разговори со Apple за развој на автономни возила“, изјави Hyundai во соопштение за своите инвеститори, пренесува Automotive News.

Оваа вест донесе Hyundai да загуби 3 милијарди долари од својата вредност откако акциите опаднаа за 6,2 проценти, додека акциите на Kia паднаа за 15 проценти, резултирајќи со 5,5 милијарди загуба на пазарна вредност. Сепак, според регулаторните извештаи, двата корејски производители истакнуваат дека се во разговор со повеќе компании со поглед кон развојот на автономни електрични возила.

Се уште не е јасно која страна ги прекинала преговорите. Од страна на Hyundai, постоеја грижи дека ќе бидат само производители под договор за Apple, како што американската компанија го прави тоа со Foxconn кој го произведува iPhone. Според шпекулациите кои се појавија тогаш, Kia требаше да го произведе Apple автомобилот во новата фабрика во Џорџија. Имаше шпекулации и дека компаниите би можеле да имаат и концептна верзија на возилото подготвена до 2022 година, а продажбите да започнат веќе од 2024.

Hyundai Apple

Иако вестите за преговорите пристигнаа во изминатите недели, овие разговори очигледно се случувале уште од 2018 година, пренесува Reuters.

Инаку, Apple наводно се уште има мал, внатрешен тим кој работи на автомобилот. Оваа екипа наводно вклучува и некои поранешни инженери од Tesla, а комплетното возило би можело да биде подготвено меѓу 2024 и 2028 ако проектот дојде до реализација.

 

Поврзани вести

Back to top button