fbpx

Hyundai со целосно електричен тркачки автомобил

Hyundai Motorsport започна со развој на електричен тркачки автомобил, кој според објавеното соопштение, ќе започне нова ера на мотоспортот на компанијата

Новиот неименуван тркачки автомобил на компанијата ќе биде првиот електричен модел што Hyundai Motorsport ќе го создаде во седиштето во Алценау, Германија. Засега, корејците ги држат во тајност деталите во врска со електричниот автомобил, но потврдија дека ќе го има своето светско деби на 10 септември на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Со цел да откријат бар малку за новиот модел и да не заинтересираат уште повеќе, тие објавија видео тизер, од кое се гледа дека дефинитивно не станува збор за Formula E. Наместо тоа, она на што нас ни наликува и од самото видео се забележува е дека електричниот автомобил ќе биде натпреварувачка верзија на некој од постојните модели на Hyundai. Изгледа на хечбек, што значите дека шансите се големи ова да е верзија на некој од моделите i20 или i30.

„Моделот ветува дека ќе биде ново поглавје за нашата компанија, природно продолжување на нашите моторспортни активности, тесно поврзано со тековните трендови и иновации во пошироката автомобилска индустрија“, рече директорот на тимот на Hyundai Motorsport, Андреа Адамо.

Во моментов, Hyundai е официјално вклучен во Светскиот рели шампионат со i20 WRC, како и во трките со i20 R5, i30 N TCR и Veloster N TCR.

Поврзани вести

Back to top button