Hyundai со драстичен фејслифт ја поднови Sonata
Иако значителните промени во дизајнот при лансирање на нова генерација, Hyundai Sonata технички е фејслифт за моделот од осмата генерација
Hyundai целосно ја прикажа освежената Sonata и иако целосните детали за седанот сè уште не се објавени, корејскиот производител ја нарекува „повеќе од едноставно дотерување“ на моделот од осмата генерација.
Доловувајќи ја дизајнерската филозофија на брендот Sensuous Sportiness, Sonata за 2024 година се инспирира од втората генерација на Kona со усвојување на LED светлосна лента со целосна ширина напред. Главните фарови се скриени во горниот дел од доводите за воздух и се споени со поширока решетка и поостри, подраматични линии.
Hyundai направи многу повеќе од едноставно дотерување на предницата на Sonata. За него направи и нова хауба со поизразени карактерни линии. Дополнително, фејслифтираната Sonata има спортска црна гарнитура низ долниот дел од каросеријата и има мноштво уникатни карактеристики на задниот дел. Тие вклучуваат ревидиран капак на багажникот и LED светлосна лента. Моделите N Line имаат и нови двојни пригушувачи и возат на карактеристични тркала од 19 инчи.
Голем заоблен екран внатре
Направени се и бројни измени во кабината на Sonata. Најочигледната промена е поставувањето на 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и 12,3-инчен инфозабавен екран, и двата се сместени во панорамски заоблен дисплеј што излегува надвор од контролната табла. Освежениот модел, исто така, усвојува shift-by-wire контролер за разлика од менувачот над преносниот тунел.
Hyundai забележува дека внатрешноста на Sonata 2024 е исто така надградена „за подобрено искуство на патниците со вкусни комбинации на бои во внатрешноста за да се подобри чувството за спортски и премиум карактер истовремено“.
Како што споменавме, Hyundai сè уште нема објавено спецификации за ажурираната Sonata. Сепак, според некои информации 2,5-литарскиот турбо мотор со четири цилиндри ќе биде стандарден и ќе го замени турбо моторот од 1,6 литри што се нуди на некои пазари. 2,5-литарскиот агрегат испорачува 290 КС и 421 Nm во актуелната Sonata N Line.
Hyundai Sonata 2024 година ќе биде целосно претставена за време на саемот за мобилност во Сеул што ќе се одржува од 30 март до 9 април.