Hyundai Tucson ја доби и својата N Line верзија
Корејскиот производител Hyundai официјално ја претстави целосно новата генерација на Tucson во спортската N Line варијанта
Hyundai Tucson N Line ќе пристигне на европскиот пазар оваа пролет, а кросоверот со овој третман добива еден поатрактивен и поспортски изглед. Оваа „шминка“ се однесува единствено на изгледот, а за жал перформансните капацитети остануваат непроменети во однос на „обичната“ верзија.
Почнувајќи со екстериерот, Tucson N Line е опремен со ревидирана решетка која е поширока и повисока од онаа која се користи кај стандардниот модел. Тоа не е единствената промена тука, со оглед на тоа дека параметричките детали имаат нагласени рабови со што се креира „дополнителна рефлекција зависно од аголот од кој се гледа“.
Тука е и поспортскиот преден браник со поголеми отвори за воздух, а моделот исто така е опремен и со светло сребрена заштитна метална плоча и црни лежишта за предните светла. Tucson N Line се карактеризира и со заштитни обвивки во боја на каросеријата, сјајно црн трим и Phantom Black капаци на ретровизорите. Моделот исто така е поставен на 19-инчни тркала од лесна легура кои се карактеризираат со истата параметричка шема како решетката.
Задниот дел се одликува со асортиман на промени вклучително и подолг спојлер. Покрај ова, дизајнерите инсталираа и нов заден браник со широк рефлектор и заштитна плочка со интегриран дифузер. На крајот, тука е и двојниот издувен систем.
Кросоверот ќе биде достапен во седум различни бои, вклучително и N Line ексклузивната Shadow Grey. За покарактеристичен изгед, пет од овие бои ќе можат да се комбинираат со контрастен Phantom Black покрив.
Моторите остануваат исти
Спортскиот стајлинг продолжува и во кабината, со оглед на тоа дека моделот е опремен со кожни и антилоп седишта кои имаат и контрастни црвени конци. Останатите промени се лимитирани, но Tucson N Line има и N управувач, педали од лесна легудар и црна прекривка на покривот.
Иако постоеја шпекулации дека кросоверот ќе добие дополнителна моќност, тоа не е случајот бидејќи моторните опции остануваат исти, со исклучок на послабата дизел верзија. Така, Tucson N Line е достапен почнувајќи со 1,6-литарскиот дизел со 136 КС, па се до plug-in хибридната варијанта која испорачува 265 КС. Сепак, некои варијатни опремени со електронски контролираниот систем на потпирање имаат и N Line „тјунинг“. Од компанијата велат дека ова придонесува за „уште поголема возачка забава“ со оглед на тоа дека системот „реагира побрзо и посилно кога станува збор за управувачките команди“.