fbpx

Hyundai го задржа името Leonis

Hyundai ќе му даде име Leonis на еден од идните сериски или концептни модели

Според официјалните документи испратени до американскиот завод за патенти, името може да се користи за „спортски автомобил, ван, пикап, SUV и автобус”. Често се случува производителите да ги задржат имињата кои ги користеле за своите модели, за да ги искористат за идните остварувања. Истото може да биде случај со Leonis, кој веќе сме го сретнале во гамата на Hyundai во минатото.

Leonis

Корејците го задржаа името Palisade, кој во иднина ќе го носи концептот на сосема нов автомобил – голем SUV со седум седишта. Новината ќе биде базирана на Santa Fe , но ќе понуди уште поголеми внатрешни димензии. Моделот се очекува официјално да се појави на почетокот од следната година со неговиот роднина KIA Telluride.

Засега нема официјални информации зошто би се употребило името Leonis, но како што претпоставуваат аналитичарите, по се изгледа се работи за модел од средната класа.

Поврзани вести

Back to top button