И Lamborghini го пропушта салонот во Париз годинава
Lamborghini стана следниот производител кој се откажа од учество со свои модели на автошоуто во Париз оваа година
Lamborghini стана следниот производител кој се откажа од учество со свои модели на автошоуто во Париз оваа година. Информациите сè уште не се официјални, но Car цитира свои извори блиски до производителот.
Интересно, Италијанците го пропуштија претходниот салон на истата локација, која се одржа во 2016 година. За последен пат Lamborghini беше во Париз во 2014 година. Компанијата сопственик на Lamborghini, Volkswagen, исто така, нема да присуствува на овогодинешниот салон во француската престолнина. Портпаролот на VW Франција сепак најави дека Audi, Porsche, Skoda и SEAT ќе учествуваат на салонот.
Volkswagen и Lamborghini се приклучија на Ford, Infiniti, Mazda, Mitsubishi, Nissan, Opel и Volvo кои веќе најавија дека нема да учествуваат на салаонот во Градот на светлината годинава.