fbpx

Идната генерација на Volkswagen Touareg доаѓа во април 2018 година.

Volkswagen Touareg е еден од најстарите производи во луксузниот SUV сегмент, но тоа ќе се промени само за неколку месеци

Според онлајн-изданието Just-Auto, наследникот на моделот ќе се појави за време на изложбата во Пекинг, во април следната година. Машината ќе биде базирана на платформата MLB Evo, која исто така вклучува повеќе луксузни возила како што се Bentley Bentayga и Audi Q7. Предвидено е мало зголемување на големината за подобро да се разликува од Tiguan Allspace. Еден прототип беше „фатен“ за време на тестовите во Јужна Африка уште во март оваа година, но оттогаш, Германците не објавија никакви детали за тоа.

Volkswagen Touareg

Volkswagen Touareg

Најверојатно, поголемиот дел од дизајнерските идеи на новиот Touareg ќе бидат под влијание на концептот T- Prime Concept GTE што го видовме минатата година. Со оглед на тоа како Arteon се претвори едноставно од студија во модел, ако биде истото и со Touareg, можеме да очекуваме многу привлечен изглед од новиот SUV.

1. Volkswagen Touareg | 
2. Volkswagen Touareg | Volkswagen Touareg 

     

    Поврзани вести

    Back to top button