fbpx

Иднината на DS се крие во електрификацијата

Луксузниот бренд на Citroen DS ќе понуди до 2025 само електрични или хибридни автомобили

Првиот електричен автомобил на брендот ќе дебитира на Парискиот саем во октомври.

-Нашата амбиција е јасна: DS ќе биде една од водечките светски комппании за електрични автомобили во својот сегмент, изјави извршниот директор, Еве Бонфон.-DS ќе стане првиот бренд под чадорот на PSA, која ќе нуди електрични и plug-in хибриди, целта на оваа стратегија е да се зацврсти позицијата како топ бренд во групата, во која влегуваат уште Peugeot и Citroen.

DS

Тој истакна дека на крајот на следната година на пазарот ќе се појави DS 7 – бензински plug-in хибрид, чија премиера се чека подолго време, но Бонфон, не понуди повеќе детали за претстојното претставување на новиот електромобил во октомври. Тоа би требало да биде DS 3 Crossback, кој ќе го смени постариот хечбек DS3.

DS

Досега PSA предлагаше ограничен број електрични и електрифицирани модели, но сега компанијата подготвува посериозен спектар во овој сегмент, за да одговори на построгите европски стандарди за емисија на јаглероден диоксид, кои влегуваат во сила од 2020 година. До 2025, PSA ќе презентира 40 електрифицирани модели од своите пет брендови: Peugeot, Citroen, Opel, Vauxhall и DS. Ова беше објавено во јануари од страна на шефот на PSA, Карлос Таварес.

DS

 

Поврзани вести

Back to top button