Иџе и Hyundai i30 N TCR (Видео)
Иџе со својот Hyundai i30 N TCR постави нов рекорд на Водно 2019, а во таа чест, заедно со Кореа Ауто Трејд подготвија видео од рекордниот круг
Минатиот месец на добро познатата патека на Водно се одржа уште едно издание на меѓународниот ридско-брзински натпревар, каде покрај домашните и странските натпреварувачи, со својот Hyundai i30 N TCR настапи и македонскиот шампион Игор Стефановски – Иџе.
Со должина од 4 километри, Иџе успеа да ја помине патеката за време од 2:02:09 минути, со што постави нов рекорд на стазата на Водно. По овој повод, Иџе заедно со генералниот застапник на Hyundai во земјава, Кореа Ауто Трејд, го прославуваат успехот со возбудливо видео, кое има за задача да ни пренесе дел од атмосферата.