fbpx

IED Торино го претстави концептното возило Tracy

Европскиот Институт за дизајн од Торино официјално го промовираше своето ново концептно возило кое е наречено Tracy

IED Tracy концептот се опишува како решение за урбаната мобилност, при што возилото е прилагодено за јавен и приватен транспорт. Во кратката вест која ја објави италијанскиот производител се наведува дека Tracy концептот е долг 374 сантиметри и дека има меѓуосовинско растојание од 289 сантиметри, како и дека благодарение на повишениот клиренс поседува и добри „оф-роуд“ можности, за што е прилагоден и системот за потпирање и адекватните гуми на тркалата. Главните „виновници“ за постоењето на овој концепт се студентите од Европскиот Институт за дизајн во Торино (IED).

„Проектирајќи култура на експериментирање и иновации, оваа година се насочивме на бесплатно истражување за надминување на ограничувањата на пазарот со намера да идентификуваме нови цели, предвидувајќи нови храбри решенија за нови интелигентни транспортни системи на иднината. Со Tracy ние успеавме да го прошириме полето на студијата, со дизајн кој го надмина возилото и, како што сугерира самото име, се обидуваме да исцртаме нова насока во сценариото за заедничката мобилност“, изјави директорката на IED Торино, Паола Зини.

Мало возило кое собира шест лица

Иако станува збор за мало возило, Tracy е електрично концептно возило во кое можат да се сместат шест лица. Според дизајнерите, Tracy е замислен да ги комбинира концептите на микро мобилност и приватниот, јавниот и делливиот транспорт за доброто на околината. Покрај должината од 374 сантиметри, Tracy е 2.205 милиметри широк и 2.083 милиметри висок. Станува збор за електрично возило со погон на сите четири тркала, со двојно пакување на батерии со целосно електричен погон.

Настрана својот асиметричен екстериер, Tracy исто така пристигнува со два функционални дела во внатрешноста. Првиот е наменет за возачот, кој добива централна позиција, додека вториот е наменет за петте патници, во конфигурација на кауч. Постојат две различни точки за пристапување. Од левата страна е влезот за возачот (само една врата), додека патниците можат да се качуваат во возилото единствено од десната страна.

Tracy исто така пристигнува со мобилна апликација која може да се користи за да се програмира возилото базирано на вашите потреби, обврски или интереси. Апликацијата потоа овозможува функционално или рекреативно патување, без разлика дали станува збор за кратки или подалечни дестинации.

Поврзани вести

Back to top button