fbpx

Индија ќе гради фабрика на Tesla?

Властите во Индија најавија дека сакаат американскиот производител на електрични автомобили Tesla да изгради фабрика на територијата на државата

Но, извршниот директор на компанијата, Илон Мaск, не е убеден дека ова може ова да се реализира. Маск истакна дека има мали шанси за такво нешто поради владините регулативи од Индија. Според него клучна улога во разговорите со индиската владата ќе одигра директорот за финансии на Tesla, Депак Ахуја. Тој е меѓу луѓето со најголема доверба од шефот на калифорнискиот производител.

Според Bloomberg, извршниот директор на Tesla уште минатата година преговарал со индиската влада за откажување на таксите за увезените автомобили од странство, но истите не завршиле успешно.

Од друга страна, земјата сака да привлече поголеми компании, како вели Bloomberg, па Индијците се подготвени и за отстапки. Според индискиот премиер Нарендра Моди, повеќе од 1.400 закони се укинати, што претставувале пречка за развојот на бизнисот во земјата. Даночната структура постојано се разгледува и крајната цел е да ја зголеми продажбата на алтернативни погонски возила.

Засега, Tesla не размислува за евентуално проширување во Индија. Сепак, производителот наскоро може да изгради нова фабрика во Шангај, каде што покрај автомобилите, ќе биде можно да се произведуваат и батерии.

Индија

Поврзани вести

Back to top button