Индијанците се бунат за името Cherokee, Stellantis може да го смени
Jeep го користи името Cherokee повеќе од 45 години, но Чироки народот во САД сметаат дека американскиот производител треба да го промени истото
Американскиот производител Jeep се соочува со зголемен притисок во последно време за да го отфрли својот назив Cherokee за моделот кој почна да го произведува пред повеќе од 45 години, а повторно го воведе во својата понуда во 2013 година. Иако во последните осум години откако Jeep го врати ова име во својата постава, домородните Американци кои се припадници на Чироки нацијата ниту еднаш не се побунија, се до неодамна, па во моментов Jeep се соочува со притисок во пресрет на премиерата на Grand Cherokee.
„Најдобриот начин за да се испочитуваат членовите на Чироки заедницата е да се научи за нашата суверена влада, нашата улога во оваа земја, нашата историја, културата и јазикот и да се има значаен дијалог со федерално признаените плениња на културно ниво. Мислам дека е време да се отфрли ова име“, изјави Чак Хоскин, главниот поглавар на Чироки нацијата неодамна.
Веднаш по ова, Jeep „културно“ одби да го отфрли Cherokee името од својата гама. „Тие со почит одбија да направат таков потег. Но, исто така ја оставија вратата отворена за понатамошни разговори, па мислам дека тоа е за почит“, додаде Хоскин.
Карлос Таварез сака да го реши проблемот
Сега, според информациите на Wall Street Journal, целата ситуација добива едно повисоко ниво. Иако Jeep засега одбива ваква акција, групацијата Stellantis која настана по спојувањето на FCA и PSA, ќе ја преземе одговорноста во целата акција. Во разговор за гореспоменатиот медиум, извршниот директор на групацијата Карлос Таварез истакна дека ваквиот радикален потег не е целосно отфрлен.
Иако првиот човек на четвртиот најголем производител не е сигурен дека „постои вистински проблем“ околу користењето на името Cherokee, тој вети дека ќе се реши спорот. „Доколку постои проблем, секако, ќе го решиме. Засега не гледам нешто негативно, а Cherokee беџот претставува начин на кој ние ја изразуваме нашата креативна пасија и нашите уметнички можности“.
Доколку Јееп и Stellantis прифатат да го променат името Cherokee, тоа ќе биде голем проблем за производителот кога станува збор за маркетингот, но се чини дека Карлос Таварез е отворен за идејата за ребрендирање на успешниот SUV модел.